За нас
Фирмата Еко-квалитета д.о.о.е.л. е основана 2010 година со цел давање на квалитетни услуги во сегментот на управување со системите на квалитет согласни со барањата на ИСО стандардите.
Креаторот на идејата за основање на самостална фирма има позади себе повеќегодишно искуство како сертификациски аудитор, особа одговорна за системите за управување со квалитет, заштита на животната средина, безбедност и заштита при работа, инспектор за заштита на животната средина и експерт за заштита при работа и заштита од пожар.
Управителот на фирмата има повеќегодишно работно искуство во менаџирање на канцелариски оддел и водење на тим, стартешко планирање и креирање планови за оптимален организациски развој и изграден високо професионален стил на однесување со колеги и клиенти. Повеќе информации за управителот на фирмата Еко-квалитета д.о.о.е.л. можете да прочитате овде.
Консултантот за животна средина има 15 години работно искуство а негова посебна специјалност е управувањето со отпад. Неговото работно и стручно искуство опфаќа работни места од управник на депонијата Дрисла до член на странски стручни тимови во проекти од национално значење за Република Македонија во однос на управувањето со отпад. Повеке податоци можете да добиете овде.
За да може работата да ја извршуваме квалитетно свесни сме за потребата од континуирано усовршување, што опфаќа и различни улоги при имплементација на системите, па затоа на нашите клиенти на располагање им стојат:
Проверени сертифицирани аудитори за сите системи на управување
Врвни консултанти спремни да помогнат во имплементација на сите системи за управување согласно барањата на клиентите
Експерти со искуство во раководење на системите за управување.
Ве повикуваме да ни се придружите во Светот на управување со системите за квалитет. Ако сакате да го вложите своето знаење добродојдени сте во тимот на Еко-квалитета д.о.о.е.л, или ако Ви треба експертска помош во имплементација на системите повикајте не!
Секое Ваше повикување е наш предизвик и спремни сме откако ќе ја разгледаме состојбата во најкраток рок да Ви одговориме на Вашите барања.