Управување со отпад
Квалитетното управување со отпадот е придобивка на новото време. Предизвикот е уште поголем зошто покрај еколошките, постојат и финансиски придобивки. Ви нудиме да бидете во согласност со законските норми и во тек со современиот свет преку:
- изработка на физибилити студии за современо управување со отпад на ниво на регион, општина или претпријатие
- изработка на планови и програми за управување со отпад за региони или општини
- изработка на програми за управување со отпад за претпријатија (опасен и неопасен отпад)
- изработка на програми за управување со отпад од пакувања
- изработка на барања за интегрирани еколошки дозволи од областа на управување со отпад (селекција и рециклажа, депонии и сл)
Управување со животна средина
Квалитетен тим на стручњаци ве советува како да примените најдобри технологии во вашите претпријатија, без притоа да влегувате во неизвесни инвестиции а притоа да ги зачувате медиумите на животната средина.
За таа цел нудиме:
- изработка на барања за интегрирани дозволи (IPPC) за било каков вид на технологија
- изработка на студии за влијанија врз животната средина (EIA) за ново проектирани или постојни инсталации
- добивање на работни дозволи од областа на животната средина